Достапни линкови

Договор за регулирање на светскиот финансиски систем?


Во Вашингтон денеска започнува формалниот дел од состанокот на лидерите на Групата дваесет најголеми индустриски земји и земји во развој, во обид да најдат заеднички пристап во справувањето со економската криза во светот за која се смета дека е најголема по големата депресија пред 80 години. Токму затоа многумина на овој самит гледаат како на нов Бретон Вудс – состанокот кој во 1944 доведе до создавање на ММФ и Светската Банка. Домаќинот на самитот, американскиот претседател Џорџ Буш, синоќа на вечерата за учесниците на самитот во Вашингтон изјави.

,,Ние сме посветени на решавање на проблемот кој доведе до овој неред. Ние сме убедени дека работејки заедно можеме да ја обновиме глобалната економија и да ја вратиме на патот на долгорочен просперитет. Кога ке седнеме на маса јасно ке ги искажеме нашите приоритети. Утрешната дискусија ке првата од серијата средби."

Иако формалниот дел од самитот почнува денеска во Вашингтон, новински агенции повикувајки се на француски извори јавуваат дека во Вашингтон ке падне договор за подршка на стопанствата и регулирање на светскиот финансиски систем. Одлуките кои ке бидат усвоени ке бидат објавени по завршување на самитот. Сепак, според некои извештаи, договор е неизвесен делумно и поради отсуството на ново избраниот американски претседател Барак Обама. Тој сепак испрати свои преставници на самитот, меѓу кои е и поранешниот државен секретар Мадлеин Олбрајт. Во таканаречената група ГЕ – 20 се собрани околу 85 проценти од светската економија. Меѓу овие земји се водечките индустрии како Соединетите Држави, Јапоннија и Европската Унија и најголемите растечки економии како Кина, Русија и Индија.
XS
SM
MD
LG