Достапни линкови

Поделеност на синдикатите останува, Конфедерацијата на слободни синдикати не го поддржува протестoт


Со барање до власта да го измени законот за работни односи, бидејќи со него во голем дел се намалуваат правата на работниците, Сојузот на сидникати на Македонија излегува на денешните протести во Скопје. Портпаролот на ССМ Пеце Груевски вели дека со измените на законот и другите промени кои што се донесени македонскиот работник практично е во заложништво на работодавецот. Тие до власта упатуваат неколку барања:

„Како прво повод за овој протест се измените на законот за работни односи. Второт наше барање е повеќе годишно, кога во Македонија престана да важи условот за пензионирање врз основа на пензискиот стаж. Третото наше барање се однесува на утврдување на минималната плата, зачувување на животниот стандард и донесување на закон со кој материјално ќе се обезбедат сите стечајци со над 25 години стаж.“

Изјавува Груевски кој додава дека на минатонеделната средба во Владата, прва по две и пол години, на власта веќе и се доставени овие барања, но оттаму додава тој, се нема слух за изменување на законот за работни односи бидејќи како што им било речено со него ќе се подобри бизнис климата и ќе се привлечат поголем број странски инвестиции во земјава. Сепак од ССМ велат и покрај тоа што власта нема намера да го измени законот, нема да отстапат од протестите како своевиден притисок врз неа:

„Останува на луѓето да го сватат ова сериозно, да се ослободат од партиските стеги бидејќи ова е протест исклучиво со социјално-економски барања.“

Додава Груевски. Но, борбата за поголеми права на работниците ослабува во услови на поделеност на Синдикатите во државава. Имено, денешниот протест не го поддржуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. За нив тој е исполитизиран:

„Бидејќи е поврзан со политичка партија и сега е со задоцнување да се прават протести кога измените на законот за работни односи се донесени, а всушност иако тврдат дека има драстично намалување на правата на работниците не е точно.“

Посочува Растко Мишковски претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати. И експертите во борбата за заштита на работничките права како проблематична несинхронизираноста на синдикатите. Професорот од Филозофскиот факултет Маја Геровска објасува:

„Некои од причините се можеби преголемото претходно, а и сеуште актуелно политичко влијание во рамки на Синдикатот и слично. Меѓутоа факт е дека во Македонија Синдикатите сеуште се борат за своето место.“

вели Геровска. Доколку денешните протести не вродат со плод од Сојузот на Синдикати најавуваат одржување на генерален штрајк.
XS
SM
MD
LG