Достапни линкови

Приштина: Нема да биде прифатена спогодба против независноста на Косово, изјави Хашим Тачи


Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Приштина во ниту еден случај нема да прифати спогодба, која нема да биде во согласност со независноста на Косово и со која ќе се измени единствениот систем на царината, полицијата и правосудството. Тачи во интервју за весникот Коха диторе истакна дека Приштина го отфрлила планот од шест точки на ООН бидејќи, како што рече, во него не се содржани ставовите на косовските власти.Косовскиот премиер изјави дека Еулекс треба да биде распоредена во Косово само во форма и мандат кои беа предвидени на почетокот на годината, кога ЕУ ја одобри мисијата.
XS
SM
MD
LG