Достапни линкови

Експертите велат дека безбедноста на граѓаните е загрозена, но не и општата безбедносна состојба


Безбедноста на граѓаните е загрозена, но генерално безбедносната состојба не е влошена - ова е заклучокот на дел од експертите по последните инциденити кои се случија деновиве. Убиството на роднинатата на лидерот на ДПА Тачи, протестите на студентите во Tетово, тензиите во Демократската Унија за интеграција, пронајдена експлозивна направа во скопски Чаир на овие настани професорот на Факулетот за општествени науки Стефан Буџаковски гледа како на разчистување на инцидентите кои се случиле порано:

„Безбедносната состојба е во континуитет, а ова е само расчистување на некои стари сметки.“

Но сепак Буџаковски потенцира дека учесниците во пресметките не избираат место на кое ке ги реализраат своите намери па поради тоа како што додава безбеднсота на граганите е загрозена:

„Не само сигурноста како сигурност, туку и самото чувство на несигурност е исто така доста битен фактор во целокупните случувања.“

Според аналитичарот Хисен Рамадани пак клучно во ваквите случаи е полицијата да ги расчисти зошто според него, доколку тоа не се случи ке биде причина за генерирање на нови инциденти бидејки криминалните стрикруи ке бидат охрабрени:

„Таквите работи кога се чести, почнуваат да создаваат нездрава атмосфера во општеството, почнуваат да создаваат несигурност и почнуваат да ги будат сите тие елементи кои што се деструктивни во општеството.“

Во Македонија владее исклучително позитивна и полтичка и безбедноста криза оценува Минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во интевјуто за Радио Слободна Европа кое ке се емитува во недела:

„Како никогаш досега постои поддршка за владината коалиција, односно за политичките партии кои што ја сочинуваат, што само по себе резултира со една дополнителна доверба меѓу етничките заедници и во крајна линија една стабилизација и целосно мирна безбедносна и политичка клима во државата.“

Инаку на неколку месеци пред претседателските и локалните избори меѓународниот фактор апелира на одржување на фер и демократски избори без инциденти кои ги одбележаа предвремените парламентарни избори. Експертите пак некои од последниве случувања ги поврзуваат токму со политичките партии.
XS
SM
MD
LG