Достапни линкови

logo-print

Талин: Неформален состанок на министрите за НАТО со Украина


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска во главниот град на Естонија – Талин ќе се сретне со своите колеги од трите балтички држави и од други земји членки на НАТО, во рамките на неформалниот состанок со Украина, за да ја разгледаат желбата на оваа земја да се приклучи кон Алијансата. Вчера Гејтс се сретна со државниот врв на Естонија, по што изјави дека Русија не треба да ја спречува целосната интеграција на поранешните советски републики со Западот, истакнувајќи оти тоа не претставува никаква закана за Москва.
XS
SM
MD
LG