Достапни линкови

Приштина: Сеуште нема договор меѓу косовските власти и меѓународните претставници за ЕУЛЕКС


Во Приштина и синоќа продолжиле преговорите меѓу косовските лидери и меѓународните претставници во врска со документот во шест точки за распоредување на мисијата на Европската Унија ЕУЛЕКС. Според агенциските извештаи, до договор не дошло поради тоа што за претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи, не е прифатлив планот за кој претходно се договориле Белград и претставници на ОН. Засега не се обелоденети детали на овој договор, кој се однесува на полицијата, правосудството, царината, заштитата на културните и верските објекти, како и на сообраќајот и телекомуникациите.
XS
SM
MD
LG