Достапни линкови

Која е Мишел Обама и што ќе и донесе на Белата Куќа?


Американскиот претседател Брак Обама не е единствениот кој влегува во историјата како прв афро-американец кој ќе ја води неговата земја. Мишел Обама, ќе му се придружи и ќе остане запаметена како првата Афро-американка која била прва дама. Која е таа и што ќе и донесе на Белата куќа?

Мишел Обама има успешна кариера, мајка е на две деца и денеска таа е јавна личност која буди огромен интерес. Но, се до неодамна многу малку се знаеше за неа. Тоа се промени по нејзиниот говор на националната конвенција на Демократите во август. 44 годишната Мишел Обама ја искористи можноста да ги каже според неа клучните вредности нејзиното семејство, како и нејзината визија за тоа каква треба да биде Америка.

,,Барак и јас израснавме со толку многу заеднички вредности, како на пр. дека треба да работиш многу за да го постигнеш тоа што го сакаш во животот, да го правиш тоа што го зборуваш, потоа дека ги почитуваш луќето со достоинство и респект дури и кога не се согласуваш со нив."

Мишел пораснала во доминантен Афро-американски регион во Чикаго во семејство кое било меѓусебно доста поврзано.

,,И еве сум тука како ќерка, порасната во јужниот дел од Чикаго, од татко работник и мајка која остануваше дома со мене и брат ми. Мајчината љубов беше основна сила во нашето семејство. А мојата најголема радост беше да видам како нејзиниот интегритет,разбирање и интелигенција се пренесуваат на моите ќерки."

По завршувањето на средното училиште на Принстон Универзитетот, Мишел заминала на Харвард по што станува адвокат. Тука се запознала со Обама, кој истотака студирал на Харвард, а подоцна работеле заедно во адвокатска фирма. Иако нејзиниот маж беше сенатор, таа заработуваше повеќе од него, на високата позиција на Универзитетот на болниците во Чикаго.

По победата на Обама таа изјави дека за првпат таа е горда на својата земја. И тоа не поради тоа што Обама победил, туку како што рече поради тоа што земјава покажала дека е гладна за промени. Некои од критичарите и забелжаа на изјавата под образложение дека била непартиотска, оти рекла дека првпат се гордее со својата земја, но за првата дама Лора Буш се работи за погрешна употреба на зборовите. Најверојатно мислела дека е повеќе горда на Соединетите Држави од вообичаеното, изјави Буш.

Со Барак Обама, како новоизбран претседател на Соединетите Држави таа наскоро ќе стане првата дама на Америка. Во јавноста веќе се покјавија шпекулации околу тоа како ќе ја извршува оваа улога. Досега, Мишел Обама сугерираше дека нема да бара директна улога во американската администрација.

Најискрено, мојата приоритетна работа е да продолжам да бидам главниот шеф над моите ќерки, Малиа и Саша.Но таа истотака се надева дека ќе се грижи за потребите на воените семејства и ќе продолжи да биде неформален советник на нејзиниот сопруг. Семејството Обама ќе се преселат во Белата куќа по инаугурацијата на новиот претседател на 20 јануари.
XS
SM
MD
LG