Достапни линкови

Приштина: Бан Ки Мун очекува флексибилност од Косово за планот на ОН за мисијата Еулекс


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека очекува флексибилност од Приштина за планот на Обединетите Нации за распоредување на мисијата Еулекс на Косово. Разочаран сум што моите предлози и преговори со српската Влада за шесте точки, иако договорени со Белград, повторно се соочија со некакви резерви и спротивставувања од страна на Владата во Приштина, истакна на прес-конференција Бан Ки-мун, кој синоќа ја одложи седницата на Советот за безбедност на која требаше да го претстави својот извештај за Косово во кој би се нашле јасни одредници за функционирање на мисијата на ЕУ на Косово.
XS
SM
MD
LG