Достапни линкови

logo-print

Македонија сеуште нема претставник во преговорите за името


Грчкиот преговарач во спорот со името Адамантиос Василакис иако беше најавено за вчера како што известуваат грчките медиуми денеска ке му ги достави на медијаторот Нимиц забелешките на Атина во врска со неговиот последен пакет идеи. Иако сеуште не се знае каков точно ке биде одговорот на северниот сосед односно дали ке го отфрли предлогот сепак властите во Атина често го посочуваат Скопје како некоструктуивната старна во преговорите. Македонската страна пак повеке од една недела е без преговарач во спорот. Од владата велат дека конкретни чекрои во врска со процесот на назначување ке има од кога премиерот ќе се врати од Соединетите Американски Држави, односно викендов. Засега како што дознаваме владата нема побарано ниту консултации со кабинетот на претседателот во врска со барањето на личноста која во иднина ке ја застапува македонската страна.
Домашните аналитичари различно гледаат на ваквата позиција на Скопје. Според универзитетскиот професор Димитар Мирчев тоа што преидов Македонија нема преговарач не ја влошува нашата позиција. Кратко време помина одкога е разрешен досегашниот Димитров а не е лесно да се најде нов кој што ке ги исполнува потребните услови вели Мирчев:

„Мислам дека во овој момент преговорите се во некоја пасивна фаза, во која не е потребно, веднаш, активно да се реагира на некои нови предлози и слично... На потег е медијаторот Нимиц. Така што јас не гледам драматично на тоа што во овој момент сеуште немаме определено преговарач.“

Со сосема спротивно мислење е аналитичарот Ризван Сулејмани. Според него Македонија одамна покажува дека не е заинтересирана да го реши овој спор а со фактот дека немаме преговарач само се потврдува таквата позцијата:

„Ова што не разговараме сериозно за нов преговарач, укажува на тоа дека Македонија или би сакала да ги прекине преговорите, или воопшто не е заинтересерана, во овој временски период, односно пред изборите.“

Вакавата ситуација во Скопје додава Сулејмани и оди во прилог на Атина која како што вели и не треба да вложува многу енергија за да и покаже на мегународната јавност дека македонската е неконструктивната страна:

„Доволно е да се види колку Македонија вложува енергија во тоа, а се знае дека на нашата земја и се брза, дека деновите и се броени. Грција практично ништо не губи, тој што губи од одложувањето на преговорите е Македонија.“
XS
SM
MD
LG