Достапни линкови

logo-print

Берлин: Поважно е членството на Македонија во НАТО, отколку семантичките проблеми на Грција


Сметам дека е важно и за добрите партнери од НАТО, Грците, да сфатат дека повеќе вреди да ја имаме Македонија во Алијансата, отколку да се грижиме за малите лингвистички и семантички проблеми. Македонија е Македонија. Може да биде одличен сојузник и колку побрзо, толку подобро, изјави амбасадорот Роберт Хантер на маргините на средбата „НАТО разговори околу Бранденбуршката порта“, што се одржува во Берлин. Хантер беше поранешен американски амбасадор во НАТО и претседавач на Атлантската Асоцијација.
XS
SM
MD
LG