Достапни линкови

Анкара: Шефот на дипломатијата Милошоски во посета на Турција


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска до 12 ноември ќе престојува во официјална посета на Турција. Освен со својот домаќин, турскиот министер за надворешни работи Али Бабаџан, шефот на македонската дипломатија во Анкара ќе има средби и со претседателот на Турција Абдула Ѓул и со претседателот на Парламентот Ќоксал Топтан. На разговорите, треба да стане збор за можностите за натамошен развој на пријателските односи меѓу двете земји, како и за најактуелните меѓународни настани и прашања. Во тој контекст, акцентот ќе бие ставен на аспирациите на двете земји за интеграција во ЕУ и поддршката на Турција за членството на Македонија во НАТО.
XS
SM
MD
LG