Достапни линкови

Варшава: Претседателот Црвенковски се сретна со претседателот на Полска Качински


Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, во Варшава, оствари средба со Претседателот на Република Полска Лех Качински на која разговараа за билатералните односи, со посебен акцент на интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО, како и за пречките што на тој план произлегуваат од спорот за името со Грција. Претседателот Црвенковски, во Варшава ќе присуствува на прославата по повод одбележувањето на 90-годишнината од враќањето на независноста на полската држава, каде свое учество најавија и други високи државни претставници.
XS
SM
MD
LG