Достапни линкови

Политичарите бегаат од одговорност за решавање на проблемот со името, смета стручната јавност


Точно една недела откако Собранието ја изгласа Резолуцијата за градење на државна стратегија за името, во јавноста останаа само расправиите меѓу претседателскиот и владниот кабинет. Со резолуцијата пак токму претседателот и премиерот се задолжуваат во најкус можен рок да ја изградат таа стратегија. Но, засега и од двата кабинети не соопштуваат ништо конкретно. Од Владата велат дека чекори може да се преземат откако Груевски ќе се врати од службениот пат во Соединетите Држави. И Црвенковски патува на државната прослава на Полска, но од неговиот кабиент повторуваат дека претседателот без разлика на отповикувањето на преговарачот Димитров, нагласил дека останува докрај посветен на процесот на преговорите за името. Во мегувреме Тито Петковски претсдателот на НСДП, партијата која ја поднесе Резолуцијата, вели дека доколку заборават на задолжувањето кое им го дадоа пратениците тој ке ги потсети:

„Јас до среда ќе видам дали ќе реагира претседателот по објавувањето на Резолуцијата во Службен весник, од кога всушнот таа стапува на сила, доколку претседателот не реагира ќе го потсетам со писмо дека треба да пристапат веднаш кон изработувањето на државната стратегија.“

Резолуцијата додава Петковски, ги обрзува претседателот и премиерот да ги стават во втор план како како што вели, нивните лични интереси:

„Очигледно е дека е длабок јазокот, меѓутоа нема друг начин освен да седнат и да се договорат како понатаму ќе ги застапуваат и афирмираат државните интереси.“

И универизетскиот професор Владо Поповски очекува дека ќе се зголеми чувството на одговорност. Нема смисла преку двете институции да се гради рејтингот на сопствените партии, додава Поповски:

„Сметам дека таа резолуција е исказ на Парламентот, кој што ги претставува сите граѓани. Дикцијата на Резолуцијата укажува дека мора да седнат и јас се надевам дека тоа ќе го сторат.“

Со сосема поинакво мислење е аналитичарот Алберт Муслиу. Сега сме во фаза во која домашните полтичари бараат изговор да избегаат од одговорноста за решавање на спорот, смета Муслиу:

„Сите дејствија по изготвувањето на Резолуцијата, ме упатуваат на тоа дека со овој проблем ние најнапред внатрешно ќе се занимаваме подолго време, и ќе биде причина за градење или рушење на кариери. Негледам некоја атмосфера каде што сите ќе седнат, ќе бидат објективни и отворени и ќе бидат подготвени да го преземат ризикот за да се реши ова прашање.“
XS
SM
MD
LG