Достапни линкови

Хлиф: Пет хрватски туристи потешко повредени во сообраќајна несреќа во Израел


Пет хрватски туристи се потешко повредени, а петнаесеттина полесно во несреќата што синоќа се случила во градот Хлиф во Израел. До несреќата дошло кога возачот на автобусот во кој биле хрватските туристи, од неразјаснети причини изгубил контрола над возилото и удрил во столб од автопатот. Во автобусот имало вкупно 48 туристи, кои ги разгледувале градовите Назарет и Галилеа. Повредените туристи се сместени во болницата во Халиф.
XS
SM
MD
LG