Достапни линкови

Скопје: Во полициска акција синоќа се приведени Беким Дарлишта и Мифтар Ислами


Во полициска акција синоќа во Скопје се приведени Беким Дардишта и Мифтар Ислами. Како што дознаваме тие се поврзани со убиството на полицаец кое се случи лани во близина на бензиска пумпа во скопската населба Автокоманда кога од автомобил во движење беше стрелано врз паркирано полициско возило. Се дознава дека во врска со овој инцидент завчера е приведено уште едно лице. Од Демократската Унија за Интеграција потврдија дека по вчерашното приведување семејството и пријателите на приведените влегле во седиштето на ДУИ во Чаир и барале ослободување на приведените. Според информациите денеска состојбата е мирна.
XS
SM
MD
LG