Достапни линкови

Хаити: Најмалку 50 лица загинаа при уривање на училиште


Најмалку 50 лица, пред се деца, загинаа, а над 80 се повредени при уривањето на училиште во предградие на Порт о Пренс на Хаити за време на наставата. Како што се јавува под урнатините има уште преживеани и спасувачките операции се во тек. Властите изразија сомневање дека лошата конструкција е причина за уривањето на училиштето во ова сиромашно место Пјетонвил на Хаитите во кое учеле околу 700 ученици.
XS
SM
MD
LG