Достапни линкови

Скопје: Постхумно доделени медали на семејствата на 11-те загинати припадници на АРМ


Медали за служба во Европската безбедносна одбранбена политика, постхумно им се доделени на семејствата на загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа што се случи во јануари годинава. Медалите со кои постхумно се одликуваат единаесеттемина македонски војници се доделува како признание за нивното извршување на задачите во рамките на мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Сертификатите за доделување на медалите се потпишани од еврокомесарот Хавиер Солана.
XS
SM
MD
LG