Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Барака Обама на прва прес конференција по изборите


Барак Обама денеска, како што најавуваат агенциите, треба да се сретне со неговите економски советници и да ја одржи првата прес конференција откако е избран за американски претседател. Тој вчера телефонски разговарал со лидерите на девет земји сојузнички на Соединетите држави и го обелодени името на новиот шеф на неговата администрација Рам Емануел кој служел во Белата куќа и за времето на Бил Клинтон. Обама за прв пат директно бил брифиран и од американските тајни служби.
XS
SM
MD
LG