Достапни линкови

Губењето на работничките права и лошата економска состојба, се причините за штрајк на работниците


Синдикатот ги започнува протестите кои ги најави веднаш по измените во законот за работни односи. Сепак, ова не е единствената причина за протестите. Нефункционирањето на социјалниот дијалог, неутврдувањето минимална плата, нискиот животен стандард и зголемувањето на цените на основните животни производи, се причините поради кои денеска во шест градови, во Прилеп, Велес Струмица, Охрид и Штип, а на 1-ти овој месец во Скопје, работниците ќе излезат на протести.

„Имаме информации и барање од вработените дека поддржуваат, но и се плашат да излезат на протестите, за да немаат последици за нивното работно место. Тој став го разбираме, меѓутоа сепак мислам дека луѓето ќе бидат свесни, за што точно протестираат. Ова се исклучиво социјални протести, барање за обезбедување на сигурност на работното место и подобар животен стандард, мислам дека мотивот е огромен и од тие причини се надеваме дека одзивот ќе биде значаен. Колку ќе бидеме помасовни, толку ќе биде посилна пораката до Владата.“

Синдикатот смета дека Владата е доволно информирана за причините за незадоволството, но секогаш е индиферентна. Пеце Груевски не верува дека ниту за денеска закажаната средба со премиерот ќе донесе нешто повеќе од ново ветување. Од друга страна единствениот излез го гледаат во протестите зошто како што вели работниците во земјава секојдневно губат дел од своите права. Тоа се случува особено со последниот закон за работни односи. На такво мислење е и професорката Маја Геровска. Но, она што е проблематично за неа е колкав ефект предизвикуваат ваквите протести на синдикатот.

„Некој од причините се можеби преголемото претходно, а и сеуште актуелно политичко влијание во рамки на Синдикатот и слично. Меѓутоа факт е дека во Македонија сеуште се борат за своето место. Тука можеме да ја споменеме недобрата синхронизираност меѓу различните синдикати – Унијата на независни синдикати и нејзината позиција како официјален преговарач, Сојузот на синдикати на Македонија кој што исто така ги наследи оние позиции од претходниот систем, но недоволно се реформираше за да може да биде носител на овие промени.“

Вели Геровска.
Некои механизми можат да му помогнат на синдикатот. Европската унија константно го обновува барањето да се одржува и да биде видлив социјалниот дијалог. Сепак, во последниот извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија оценките кои се однесуваат на социјалниот дијалог не се поволни. Владата мора да ги почитува ваквите барања, а синдикатот да покаже капацитет да ги преточи ваквите механизми во конкретни резултати, заклучува Геровска.
XS
SM
MD
LG