Достапни линкови

Стручната јавност сугерира да не се продолжува со форматот на двајца преговарачи


Сеуште не се знае кој ќе биде идниот македонски преговарач во спорот со името ниту пак кога владата планира да го предложи заменикот на Никола Димитров. Од Министертвото за надворешни работи каде што од владата препракаат за информации, само кусо одговорија - немаме коментар во врска со процесот за назначување на новиот преговарач. Она пак што засега е извесно дека Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот кој досега заедно со Димитров одеше на средбите со медијаторот Нимиц нема да биде новиот преговарач. Но сепак како што брифираа деновиве од владата не се исклува можноста тој да остане вклучен во преговорите. Една од причините зошто претседателот Црвенсковски одлучи да го разреши досегашниот преговарач, пак е токму фактот што Македонија на преговорите ја застапуваа двајца претсваници што дел од јавноста го оцени како несериозно. Универзитетскиот професор Јетон Шасивари сугерира да не се продолжи со ваквиот формат во процесот за името. Според него подобро е македонските позиции да ги застапува еден преговарач, а зад него да стои експертски тим:

„Можеби цел на владата е зајакнување на нашата преговарачка позиција во прв план, меѓутоа сметам дека со зголемувањето на бројот на преговарачи незначи автоматски дека ќе се засили нашата позиција.“

Вели Шасивари кој смета дека најдобро е во овој момент владата да ги користи аргуметите кои се на македонска страна во преговорите со Грција:

„Од друга страна владата треба да биде поажурна што се однесува до лобирањата, не само во Европа туку и во светот. Постои впчаток дека нашата влада е затворена.“

Евентуалното застапување повторно од двајца преговарачи според аналитичарот Ѓунер Исмаил би имало за цел да ја покрие претходната грешка на владата, која како што вели, ја направи со одлуката Протоѓер да го придружува Димитров:

„Поставувањето на уште еден преговарач од страна на господин Груевски, било грешка и таа видлива грешка и сега се сака да се забошоти со именување на нов диломат, со некои можеби потврди ставови, некој дипломат кој што поверно ќе ги цитира ставовите на Груевски и кругот околу него.“

Инаку по овој најнов равој на настаните меѓу домашниот државно-политички врв експертите коментираа дека најголем губитник во преговорите за името ке биде Македонија, бидејки се остава впечаток дека Скопје е несериозниот партнер во тој процес.
XS
SM
MD
LG