Достапни линкови

Институциите бележат успех, но потребно е доусовршување, велат експертите


Македонија е земја во која проблемот со трговијата со луѓе станува се поизразен, а имајќи ја во предвид лошата економска состојба, овој вид криминалитет е со тенденција на пораст, објаснуваат експертите од оваа свера. Пред неколку дена Министерството за внатрешни работи пресече меѓународен канал за кримчарење на мигранти. Во соработка со српските власти беа уапсени 23 лица, кои криумчараеле мигранти од Србија, преку Македонија кон Грција. 15 до вкупниот број лица дел од мрежата за кримчарење на мигранти кои најчесто биле од азиските земји, се уапсени на тетиројатијата на Македонија.

„Македонија преставува интересно подрачје за овој организираниот криминал на трговија со луѓе. Вкупната економска состојба во државава, дава сомневање дека тоа ќе биде во пораст, не само овој вид на криминалитет, туку сите видови на криминал, во вакви економски услови кои недаваат можности за подобра егзистенција.“

Објаснува професорот Стефан Буџаковски. Наспроти мобилизирањето на владините институциии, професор Буџаковски вели дека сеуште низа услови им одат во прилог на лицата инволвирани во овој вид криминалитет за користење на земјава како транзитна, а веќе многу често и за развој на домашна трговија со луѓе. И покрај тоа што се бележи напредок, сепак е потребно повисоко институционално усовршување, додава професор Буџаковски:

„Како што беше досега отустноста на некои криминалистички методи, кои што во современиот свет се користат, како што беа неможност од прислушување итн. Сеуште е потребна обука не само на оние кои што применуваат, туку и на судските органи.“

Министерството за труд и социјална политика има донесено Национална стратегија за борба против трговијата со луѓе, а повеќе владини тела се формирани во борбата против овој вид криминал. Државава веќе доби и позитивна оценка од американскиот Стејт Департмент. Но и покрај соработката со државните институции, кои работат во делот на откривањето, сепак главна улога во натамошната психо-социјална подршка на жртвите ја имаат невладините организации. Од таму посочуваат дека голем проблем станува и така наречената внатрешна трговија со луѓе:

„Во последните неколку години се зголеми бројот на македонските државјанки кои што се жртви на трговија со луѓе во рамките на нашите граници. Станува збор така нарачена, внатрешна трговија со луѓе каде што млади девојки најчесто малолетни, се тргуваат и пренесуваат од Источниот кон Западниот дел на државата.“

Изјавува Маја Варошлија од Невладината организација „Отворена Порта“ која работи на превенција и психо-социјална поддршка на потенцијални и жртви на трговија со луѓе.
XS
SM
MD
LG