Достапни линкови

Нервозата на македонските политичари покажува дека се изложени на притисок, оценуваат експертите


Министерот за надворешни работи Антонио Милошсоки денска ги негира вчерашните информации кои на брифинг ги изнесе престедателот Црвенсковски дека американските партнери сугерирале во наредните дваеесетина дена Македонија да даде конкретни забелеши на предлогодот на медијаторот Нимиц

„Буквално никој не споменува, но колку што е можно поскоро е дефиницијата која сите ја знаеме и се трудиме да ја запазиме, во која ние очекуваме да се случи еден конечен предлог. Но, за жал со ваквата постапка на господинот Црвенковски, мислам дека и доколку постоеле сега се доведени под знак прашалник.“

Но рокови не споменува само Црвенсковски. Високиот американски дипломат Даниел Фрид деновиве од Вашингтон порача Скопје и Атина да се потрудат да најдат решение во неколкуте недели кои остануваат до минситерскиот состанок на НАТО. Премиерот Груевски пак без да изложи зошто во соочувањето по повод 100 дена на оваа влада реше дека во наредните 40 дена Македонија ке биде изложена на голем притисок. Овие споменување на различни рокови од сите страни според универзитетската професорка Биљана Ванковска покажуваат дека државно валднинот врв е изложен на голем притисок од мегународноти фактори кои сакаат да го стабилизраат Балканот дури како што вели и наметнувајки решение на спорот:

„Јас не можам да тврдам дека имам реални сознанија, но нервозата кај нашите политичари покажува дека се изложени на одреден притисок. Со тоа што во такви моменти, а во пресрет на важни избори во самата држава ми се чини дека се ставени да одбираат меѓу нешто што е прашање од државен интерес и да гледаат на својата политичка иднина.“

Токму двојната формула на која стои владата како македонскта позицијата според претседателот Црвенсковски нема да донесе решени туку напротив тоа ке значи како што брифираше дека Македонија сама го пркинува процесот на преговорите. Неговиот повик владата да ја ревидира позицијата Милошски го кометира како потег наменет пред се за домашна употреба:

„Мислам дека премногу се изјавите на господинот Црвенковски наменети за внатрешната јавност и градењето илузија дека одредени позиции можат да ги закочат позициите на самиот разговор. За грчката позиција сите се свесни дека не е остварлива, но никој во Грција, најмалку нивниот претседател тврди дека тоа може да ги закочи или да ги стопира преговорите.“

вели министерот Милошоски.
XS
SM
MD
LG