Достапни линкови

Македонија очекува да продолжи стратешкото партнерство, останатите земји очекуваат подобри односи


Македонија го поздрави изборот на Барак Обама за Претседател на Соединетите Држави со очекување да продложи истото стратегиско партнерство меѓу Вашингтон и Скопје. Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина пак генерално очекуваат подобрување на односите и приоритетите на Вашингтон кон нив.

Србија поради Косово влезе во остар политички судир со американската администрација на Претседателот Џорџ Буш. Барак Обама е избран за нов Претседател на само еден месец откако Белград го врати својот амбасадора кој од Вашингтон беше повлечен поради американското признавање на Косово. Сега, Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ очекува подобри односи со Соединетите Држави.

„Светот ја очекуваше промената и таа дефинитивно се случи. Се надевам дека односите меѓу Америка и Србија сега ке бидат подобри отколку со досегашната администрација и дека ке има повеке меѓусебно разбирање.“

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу во честитката до Сенаторот Барак Обама за изборот за председател на Соединетите Држави пак изјави дека американските избори можат да бидат приемр како по деомократски пат може да се изабира претседател. Сејдиу изрази очекување дека Соединетите Држави ке продолжат да го подержуваат Косово.

„Исклучително ја цениме улогата која ја имаат и ке ја имаат Соединетите Држави спрема Косово. За нас е најважно сите администрации силно да ја подржуваат слободата на Косово како и процесите кои се пред нас.“

Политичките кругови во Босна и Херцеговина пак очекуваат по активно американско учество на Балканот. Преседавачот на Босанското трочлено Претседателство Харис Силајџиќ вели.

„Јас претпоставувам дека новата, прогресивна американска администрација ке ја стави Босна и Херцеговина на листата на приорити и дека ке ни помогне да ги оствариме пред се основните човекови прашања и владеење на законот со цел нашите граѓани да живеат во подобра и просперитена Босна и Херцеговина.“

Претставниците на црногорските политички партии пак оценија дека изборите во Соединетите Американски Држави се историски. Од Движењето за Промени Небојша Медојевиќ изрази очекување дека бранот на промени ке ја зафати и Црна Гора.

„Ако главниот кандидат, еве, сега можам да речам и новиот претседател на Соединетите Држави ги доби изборите со порака дека треба да се менува политиката и дека промените се здрави тогаш очекувам тоа да се случи и во Црна Гора.“
XS
SM
MD
LG