Достапни линкови

logo-print

Лошата кампања и среќа причина за големиот пораз на Мек Кејн, оценуваат аналитичарите


Америка го избра новиот Претседател, кандидатот на Демократите Барак Обама, кому од јануари 2009 му започнува 4 годишниот мандат. И додека приврзаниците на Обама во Соединетите Држави и светот слават, аналитичарите оценуваат дека големиот пораз на Републиканецот Џон Мек Кејн е делумно поради лошата кампања и лошата среќа.

Изборот на Барак Обама за нов американски претседател е поздравен од светските државници но и од многубројни негови подржувачи надвор од Соединетите Држави. Неговиот избор е поздравен од Сиденј до Рио де Женеиро, како и од дел од неговото семејство во Кенија од каде Обама потекнува.

„Ние сме срекни и со таткоми ја славиме неговата победа. Сите се срекни. Тоа е голема вест.“

изјави во Когело - Кенија полубратот на Обама, Садик Обама. Идниот Претседател Барак Обама ,како што е познато, по татко води потекло од Кенија, но е роден на Хаваите, и токму затоа неговите подржувачи од јапонскиот град со име Обама, како Татсуа Сано посакуваат.

„Следната работа која сакаме да ја направиме е да отидеме во Белата Куќа и да играме Хула – хавајски танц на цермонијата на инаугурацијата на Барак Обама.“

Во меѓувреме се анализира победата на Демократот Барак Обама и поразот на Републиканецот Џон Мек Кејн. За Џон Мек Кејн велат дека е перфектен кандидат. Воен херој, пилот во Виетнамската војна заробен од непријателот, мачен во камп во Ханој. Меѓутоа, во изборна година неговата републиканска партија го загуби престижот бидејки партискиот лидер Џорџ Буш ја води непопуларната војна во Ирак. Неговиот имиџ како независен мислител требаше да го направи имун на анти –републиканските чувства, но тое не се случи. Клучно прашање на овие избори сепак беше економијата, вели Норман Орнштајн од Америакнскиот ентерпрајс институт.

„Џон Мек Кејн за време на 26 те години во Конгресот се интересираше за многу работи. Надворешна политика, разузнавање, комуникации, финаниски реформи, глобало затоплување, но економските прашање не беа на неговата агенда. А, оваа не беше добра година да се покаже недостиг на посветеност на таа тема.“

Многу од аналитичарите како главна причина за неговиот неуспех а успехот на Барак Обама, го гледаат и во лошо водената кампања на Сенаторот Џон Мек Кејн.
XS
SM
MD
LG