Достапни линкови

Потребна е соработка со ММФ, сугерираат експертите


Секоја земја треба да има соработка со ММФ, но дали ќе има и финансиски аранжман, тоа е прашање што секоја влада треба да го разгледа сериозно. Дилемата за ова ја врати светската финансиска криза и можното влијание врз Македонија. Финансискиот аранжман не е неопходен за државата во услови на високо ниво на девизните резерви, кој меѓутоа напоменува дека земјава мора да има соработка со фондот, затоа што од таа соработка произлегува кредитниот рејтинг на земјава, важен од аспект на привлекување странски инвсетиции:

„Значи, се работи за соработка со фондот од аспект на почитување на процедурите за отчетност и транспарентност на трошењето на буџетските средства, контрола на јавните расходи и слично, кои практично се и бенчмарк за серизноста и рејтингот како држава.“

За разлика од него, професорот Ванчо Узунов смета дека влада не требало драстично да ги прекине односите за тој аранжман, а тоа ќе се почувствува сега кога светската финансиска криза ќе се почувствува во земјава:

„Македонија не може самата да се справи и треба водење, а и добро е заради кредибилитет да има пред други земји, да се знае дека земјата е на добар пат. Оваа влада не покажува желба да биде дисциплиниурана во трошењето.“
XS
SM
MD
LG