Достапни линкови

Не се очекува промена на надворешната политика кон Македонија


Претседателот на собранието Трајко Вељановски кој заедно со американскиот амбасдор во земјава Филип Рикер го следеа исходот од изборите рано утрината изрази очекување дека демократите во Белата кука нема да ја сменат надворешната политика на Соединетите Држави

„Нема да има отстапки на надворешната политика на САД кон Балканот и посебно кон Република Македонија.“

И амбасадорот Рикер го потенцираше континитетот на американската надворешна политика:

„Реков уште од моето доаѓање во Македонија дека каков и да е исходот верувам дека ќе има континуитет на американската надворешната политика, особено во смисла на нашите односи со македонија. Ние имаме силни врски, ккао што имам кажано многу пати до сега, Македонија нема подобар пријател од САД и очекуваме дека тоа ќе продолжи во наредните месеци, недели и декади.“

изјави Рикер.

Слични се очекувања и во дипломатските кругови во Скопје. Извори од таму велат дека иако двоецот Обама Бајден досега покажал дека не е на македонски позиции во однос на спорот со името сепак до голема промена нема да дојде. Грчкото лоби неможе да му влијае на американскиот претседател да се занимава со името лично па така односот во поголема мера ке зависи и од мареиканската администрација која ке биде поставена на пониското ниво велат нашите извори.Според нив разлика не се очекува бидејки и досега Вашингтон ни сугерираше да направиме компромис во спорот а таквата политика ке остане и понатаму. Универзитетскиот професор Мерсел Биљаљи пак смета дека разликите кон Македонија може да има но како што вели не мали.

„Генерално мислам дека надворешната политика на САД се креира долгорочно, сепак во нијанси можеби постојната структура ќе има поголемо разбирање во однос на интересира на Грција.“

вели Биљали и додава дека позициите на Вашингтон би се презиирале во вторрата половина од идната година бидејки во почетокот на мандатот Обама би се фокусирал на внатрешните прашања.
XS
SM
MD
LG