Достапни линкови

Москва: Медведев ги обвини САД за војната во Грузија и финансиската криза


Рускиот претседател Дмитри Медведев во денешното негово прво обраќање до нацијата, како што јавуваат агенциите, ги обвини Соединетите држави за неодамнешната војна во Грузија, како и за финансикста криза во светот. Според Медведев, себичната политика на американската администрација придонесла за влошување на состојбата на Кавказот и на светската економија. Во говорт тој предложи и продолжување на претседателскиот мандат од четири на шест години, како и на пратениците во Долниот дом на пет години.
XS
SM
MD
LG