Достапни линкови

Брисел: Грција ги поддржува балканските земји за членство во ЕУ и НАТО


Грција ги поддржува напорите на сите земји од Балканот за членство во НАТО и Европската унија. Ова, како што јавуваат агенциите, го изјавил во Брисел грчкиот премиер Костас Караманлис. Според него, за проблемот со името на Македонија ќе треба да биде изнајдено заемно прифатливо решение. Тој појаснил, дека тоа значи оти името треба да биде сложено, универзално и јасно дефинирано, за да не бидат покренувани прашања од националистички и иредентистички карактер.
XS
SM
MD
LG