Достапни линкови

Приштина: Посета на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд


Британскиот министер за надврешни работи Дејвид Милибанд денеска ќе престојува во официјална посета на Приштина. Косовските медиуми оценуваат дека посетата на шефот на британската дипломатија на Приштина претставува јасен сигнал за поддршката на Лондон за Косово. Во соопштението на Форин офисот со кое се најавува посетата се наведува дека Велика Британија сака да го види Косово на неговиот пат кон евроатланските интеграции и оти ќе продолжи да го поддржува во надминувањето на последиците од конфликтот. Пред Приштина, Милибанд ќе престојува и во Белград, каде што ќе има средби со српскиот претседател Борис Тадиќ и со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Велика Британија е една од првите земји, по САД, што ја признаа независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG