Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Американските граѓани одлучуваат за новиот претседател


Американските граѓани денеска ќе одлучат дали новиот претседател на Соединетите Држави ќе биде кандидатот на демократската партија Барак Обама или пак кандидатот на Републиканската партија Џон МекКејн. Овие избори повеќето аналитичари ги оценија како историски, поради тоа што, ако победи Обама, ќе биде првиот американски претседател, афро-американец, но и поради тоа што ако победи МекКејн ќе биде најстариот избран американски претседател, прв учесник во виетнамската војна кој ќе управува од Белата куќа, а Сара Пејлин би станала првата жена потпретседател на Америка. Последните избирачки места ќе бидат затворени утре во 7 часот по средно европско време во Алјаска и во Хаваите, а првите во 1 часот по полноќ во државите од источниот американски брег. Победникот треба да освои најмалку 270 од 538-те електорски гласови што треба да ги дадат 50 сојузни држави и дистиктот Вашингтон. Правото на глас, според законите за предвремено гласање, веќе го имаат остварено над 29 милиони избирачи во 30 држави.
XS
SM
MD
LG