Достапни линкови

Ивица Боцевски, вицепремиер за евроинтеграции. Бараме завршување на визната либерализација за време на Чешкото претседавање со ЕУ


Господине Боцевски, дојдовте во Прага, барате за време на чешкото претседателствување со ЕУ кое започнува на 1 јануари, поддршка за македонската евро интеграција. Што очекувате од Чешка во наредните шест месеци?

Она за што доаѓаме тука е да го презентираме македонскиот случај за натамошниот тек на европската интеграција и натамошните фази на европската интеграција. Не е тајна. Ние бараме да се овозможи да се заврши процесот на визна либерализација во рамките на чешкото претседателство, но се разбира и сета можна поддршка за натмошните фази на македонската евроинтеграција.

Рековте Македонија е веднаш спремна да започне преговори. Сепак во извештајот на ЕК се наведува дека на економски план добиваме позитивни оценки, додека не ги исполнивме политичките критериуми. Значи ли тоа дека не се согласувате со Европската Унија?

Извештајот за напредокот на Македонија на ЕК, претставува приказ за случувањата во Македонија во текот на изминатата година. Тој извештај ќе претставува скица за работењето на владата во сверата на европските интеграции, за работењето на секретаријатот за европски прашања во текот на наредната година.

Минатата недела македонскиот Парламент ја усвои прераспределбата, предложена од Владата во која се земаат 74 милиони евра од Секторот за евроинтеграции каде што сте вие надележен и секторот за одбрана и се даваат во некои инфраструктурни проекти, во здравството и други сектори.. Дали тоа не е директен удар и врз вашиот сектор и врз напорите на земјата на евроинтеграциите од Владата?

Не, станува збор едноставно за рационално планирање. Ниту еден од проектите не е загрозен, ниту е доведен под знак прашалник. Напротив со подготовката на новиот Буџет за 2009 година, предвидуваме еден значаен дел врзан со подготовката за преговори. Се разбира дел од нив беа малку пролонгирани заради изборниот процес во Македонија, кога се разбира важат поинакви правила врзани за јавните набавки, така што другиот дел ќе се реализира во текот на наредната година.

Некои експерти велат дека владата во следните шест месеци ќе биде позаинтересирана за локалните и претседателските избори отколку за евроинтеграциите?

Па неверувам дека тоа го велат експертите....

Ова го кажува и опозицијата, меѓутоа и експертите?

Тоа е ,,ехо“ на македонската политика, но е премногу ,,ветер и магла“ а премалку дискусии за содржината.

Колку пари се одземени од вашиот сектор, знаете ли?

Па нестанува збор за субстенцијални средства, едноставно во нашиот сектор дојде до мало одлагање на термините врзани за испраќањето на нашите експерти во мисијата во Брисел, така што стануваше збор за тие средства како и за средства со кои што етапно ќе се реализираат некои тендерски постапки, така што не станува збор за нешто со кое што било што се загрозува, туку станува збор рационално планирање.
XS
SM
MD
LG