Достапни линкови

Без разлика кој ќе победи, Македонија ќе ја задржи стратегијата на соработка со САД


Ден пред американските претседателски избори, македонскиот државно владин врв очекува Соединетите Американски Држави да останат стратегиски партнер на Македонија. Од министерството за надворешни работи велат дека без разлика кој ке победи Обама или Меккејн стратегијата на земјава останува иста како и досега - градење на добри и партнерски односи со Вашингтон.

„САД се стратешки партнер на Македонија во надворешната политика и сојузник кој ги подржува нашите напори за остварување на заедничките цели и вредности. Како и досега и во иднина очекуваме дека ќе продолжи продлабочувањето на партнерските односи и зајакнувањето на соработката меѓу двете држави.“

вели портпаролот на министертвото Петар Чулев. Од кабинетот на шефот на државата пак велат дека и претседателот Црвенковски самиот потенцирал дека Македонија и во иднина ке остане стратешки партнер на Соединетите Американски Држави. Од таму додаваат дека очекувањата се по изборите врвот во Вашингтон пред се да биде окупиран со внатрешни прашања, а пририотет во надворешната политика да им бидат стратегиски региони, што ќе придонесе Македонија да почека. Според поранешниот македонски амбасадор во Обединетите Нации универзитетскиот професор Денко Малески, Македонија како мала земја е важно секогаш да има добри односи со таква светска сила:

„Ние сме тие кои ќе се прилагодуваат и оттаму и не е толку битно кој ќе победи на наредните избори, битно е ние да се обидеме да ги задржиме пријателските односи со САД.“

Токму одржувањето на добри односи и според Малески би требало да биде македокста државна стратегија:

„Политички би било многу не интелегентно да се конфронтирате со една голема сила и нема никаква основа. САД покажале и во минатото дека тие се раководат од една политика, се што расте, се што се раѓа, треба да му се даде шанса.“

Нема да има промени во политиката на Вашингтон без разлика кој ке ја однесе победата на утрешните избори демократите или републиканците, додава Малески:

„Освен што нема да имаме таква силна поддршка, бидејќи сега очигледно со победата која што се очекува на Обама, Америка нема веќе да настапува така жештоко, унилатерално.“
XS
SM
MD
LG