Достапни линкови

Вашингтон: Финишира изборната кампања за американските претседателски избори


На ден пред изборите републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн посети три сојузни држави најавувајќи пресврт на изборите, додека неговиот противкандиат Барак Обама се посвети на Охајо, која се смета за една од клучните држави за победа на изборите. Последните анкети покажуваат дека Обама има предност на национално ниво, но и во неколку држави што би можеле да бидат клучни за победа, како што се Колорадо, Пенсилванија и Вирџинија.
XS
SM
MD
LG