Достапни линкови

Москва: Лидерите на Ерменија и Азербејџан се согласија да ги зголемат напорите за Нагорно Карабак


Лидерите на Ерменија и Азербеџан се согласија да ги интензивираат напорите за решавање на спорот за сепаратистичкиот регион Нагорно Карабак, на денешната средба, предводена од рускиот претседател Дмитри Медведев, а која се одржа надвор од Москва. Со договорот кој го потпишаа претседателите на Ерменија Серж Саркисјан и на Азербеџан Илхам Алиев, двете страни се согласија дека ќе продолжат со работа за изнаоѓање на мирно решение за Нагорно Карабак. Ова област е дел од Азербеџан, а е населена со етнички ерменци. По вооружениот конфликт во деведесетите години, Нагорно Карабах се отцепи од Баку.
XS
SM
MD
LG