Достапни линкови

logo-print

Власта се фали, опозицијата критикува дека нема реални успеси освен лажна пропаганда


Зголемувањето на економскиот раст, конкурентноста, стапката на вработеност, интеграција во НАТО и ЕУ, решавање на спорот со името врз принципот на незагрозување на националниот идентитет, одржување добри и стабилни меѓуетнички односи, имплементација на Рамковниот договор - ова се дел од главните приoрите кои од собраниската говорница ги наброи премиерот Груевски во јули година. Сега сто дена по работата на оваа влада оценките на владеачките и опозицините партии за постигнатите резултати се сосема различни. За овој период се реализираа работи кои беа заостанати и по десетина години. вели Илија Димовски од владечката ВМРО ДПМНЕ:

„Законот за употреба на јазиците, кој што шест-седум години не беше донесен од ниту една претходна влада. Во делот на економијата сите показатели говорат за порастот на БДП во вториот квартал, намалувањето на невработеноста, зголемувањето на индустриското производство итн. што значи дека правците се во добра насока.“

Единствениот успех на владата на Грувески е пропагандата која што ја врши за да им прикаже на граганите дека животот им е подобар, критикува лидерот на опозиционите социјалдемократи Зоран Заев:

,,Ако се економските приоритети она за што оваа Влада доби огромна подршка, тие ги нема никаде. Она што се најавува е се поголемо отпуштање на работници, се поголем колапс на македонската економија, жално е и што нема никакви странски инвестции.“

вели Заев кој ја критикува и надворешната политика на владата на Груевски:

„Целосен промашај во надворешната политика, доказ за тоа е се поголемата изолација и одалеченост од НАТО и ЕУ.“

И додека опозицинерот Заев вели дека неможе да издвои ниту една добра работа за овие сто дена пратеникот од владеачката ДУИ Сафет Незири пак спротивно- вели не му текнува во која област забележале неуспех. За тоа додава ке ги почекал пратеничките прашања на кои минситрите ке кажеле каде се закочени работите. Според Незири самото формирање на влада од победниците на изборите во македонскиот и албанскиот покажува дека мегуетничките односи се стабилни. Тој е задоволен и од реализијата на Рамковниот договор.

„Мислам дека за овој временски период до крајот на годината ќе имаме реализирано околу 800-900 вработувања според Рамковниот договор. Мислам дека реализацијата на Рамковниот договор е прикрај и ќе се заокружи за време на мандатот на оваа влада.“

Од ДПА пак одбија да коментираат.Велат подготвувале прес конфернција з аидната недела на која ке го кажеле своето мислење за работата на коалицијата ВМРО ДПМНЕ ДУИ
XS
SM
MD
LG