Достапни линкови

Не е јасно со каков став се испратени Димитров и Протоѓер по разногласието меѓу државниот врв


Македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров и шефот на кабинетот на премериот Мартин Протоѓер денеска во Њујорк се срекаваат со медијаторот Метју Нимиц. До последен момент останува нејасно што точно ке презентираат на средбата на која не е повикан и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Откако вчера министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека Димитров и Протоѓер заминале по консулатциите кои ги имале со претседателот Црвенковски и премиерот Груевски, реагираше кабинетот на претседателот. Не е постигнат усогласен став на двете координации кои ги одржа државно владиниот врв, а двајцата македонски преговарачи најверојатно ќе настапат по иснтрукции на премиерот, велат од кабинетот на шефот на државата. Црвенковски пак доцна синоќа на трибина во Струмица порача дека според него прифатливо решение за компромис би било она со кое ќе биде обезбеден нашиот идентитетет, или како што прецизираше, јазикот и нацијата како македонски ќе бидат заверени и со печат на Обединетите Нации:

„Јас без Груевски неможам да донесам никаква одлука, тој без мене може. Може да одлучи да постигне компромис или да одлучи да ги прекине преговорите, затоа што го контролира парламентарното мнозинство.“

И додека состојбата во македонскиот државен врв се чини неусогалсена американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Даниел Фрид од Вашингтон порача - имате уште пет недели до министерскиот состанок на НАТО и времето искористете го за наоѓање решение за името. Аналитичарот Слободан Чашуле смета дека ваквите изјави не се давање на нови рокови туку дека сега, како што вели, веке сме во фаза на решавање:

„Ако паметно се толкува изјавата на Фрид и воопшто овој интензитет на службенички дипломатски средби со САД, тоа е практично временскиот простор кој ни преостанува да го вградиме тоа наше решение, инаку сето друго е готово.“

Последните несогласувања мегу претседателот и владата во однос на тоа со чии инструкции преговарачите заминаа за Њујорк Чашуле ги толкува како собирање на поени за изборите кои следуваат:

,,Судејќи според начинот на кој нашево политичко раководство се однесува изгледа дека и тие го прифаќаат, но во моментов сега работата е кој прв ќе каже ДА, за да може да продолжи после тоа нивното меѓусебно ,,гонење“ до изборите кој е херој, а кој победник.“
XS
SM
MD
LG