Достапни линкови

Скопје: Во Собранието продолжува расправата за Изборниот законик


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 27. седница. Пратениците ќе ја продолжат амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. На дневен ред на оваа седница се и предлог одлуките за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија - медицински тим за учество во мировна операција на ЕУ во Босна и Херцеговина, како и Предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.
XS
SM
MD
LG