Достапни линкови

Македонската позиција е во линија на македонските национални интереси, вели Милошоски


Македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протогер со медијаторот Метју Нимиц утре во Њујорк седнуваат на маса по консулатциите кои ги имале со претседателот Црвенкосви и премиерот Груевски изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Тие ќе ја преставаат позицијата што оди во линија на македонските национални интереси додаде министерот

„Но бидејќи би сакале овој сериозен процес да не го оптоваруваме дополнително со ова прашање јас би се воздржал од други коментари тоа што треба да биде пренесено ќе биде пренесено на оние коишто треба да ја примат македонската позиција, односно господинот Нимиц и убеден сум дека нашите двајца претставници ќе го направат тоа на најдобар можен начин.“

И додека Милошоски одби да прецизира детали останува нејасно што точно ке соошти македонската страна. Како и да е и тој како и претседателот Црвенсковски вчера потенцираа дека Македонија останува посветена на преговарачкиот процес кој се води под покровитеслтво на Обединетиоте Нации. Инаку по двете неуспешни координативни сердби на пртетседателот и премиерот по кои не бше обелоденото каквва е позицијата на Скопје во однос на последниот пакет идеи на медијаторот во земјава пристигна и високиот американски дипломат Стуајарт Џонс. Извори кои беа присутни на вчерашната средба на Црвенсковски и Џонс велат дека тој не сугерирал ништо во врска со преговарачкиот процес туку само се интересирал како се одвиваат работите. Во Њујорк пак на средба со Нимиц засега се повикани само макдонските претсавници а не и грчките преговарач Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG