Достапни линкови

logo-print

Последен обид за решавање на спорот пред заминување на администрацјата на Буш, оценуваат експертите


Молк во кабинетоте на претседателот и премиерот во врска со информацијата дека македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров и шефот на кабинетот на премеирот Мартин Протогер утре со медијаторот Метју Нимиц ке се сретнат во Њујорк. Од кабинетот на шефот на државата нема никаква ракција во однос на заминуавњето а слична е сотојбата претпалднево и во владиниот кабинет. Според неофицијалните информации Димитров и Протогер ке одржат консулативна средба со преговарачот а во Њујорк не е повикана грчаката страна односно нивниот преговарач Адамантиос Василакис. Не се знае ниту каква е позицијата на Македонија во врска со последниот пакет идеи на медијаторот кои ке ја презентираат македонксите преговарачи. И по две одржани координативни средби Црвенсковски и Грувески не ги обајвија забелешките на предлогот Република Северна Македонија кој според политичката и експерстакта јавност содржи делови неповолни за Македонија во однос на широчината на употребата на уставното име и терминиоте со кои ке се обележува нацијата и јазикот. Нејасно е какви се инструкциите кои им се дадени на Димитров и Протогер - да го одбијат предлогот или пак да ги презентираат забелешките. Мегународните преставници инситираат на втората варијанта. Извори кои учествуваа на вчерашниот раговор на претседателот Црвенсковски со заменикот помошник на америкаскиот државен секретар Стујарт Џонс пак велат дека тој не сугерирал ништо во врска со преговарачкиот процес туку само се интересирал како се одвиваат работите.Сепак нашите извори велат дека вискокоит американски дипломат потнцирал дека Македонија е исклучтелно битна за регионот и поради тоа е важно да влезе во НАТО Алијанста што треба да преставува главен приотитет на замјава.

Според универзитетскиот професор Мерсел Биљаљи новите средби во Њујорк преставуваат последен обид да се реши спорот со името пред заминувањето на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш:

„Притисокот не е само кон Македонија, туку веројатно и кон Грција. Тоа што прво се поканети нашите луѓе таму, не значи дека ќе се врши поголем притисок кон нас.“

Неусогласеноста на македонскиот државен врв пак според Биљаљи остава впечаток дека Скопје е некострукривната страна во преговрачкиот процес:

„И во ЕУ и во ОН и во САД е многу јасно дека ние сме недоволно ангажирани играчи, дури се смета дека немаме доволно политичка волја да го решиме проблемот и дека гледаме премногу дневно политички на овој круцијален проблем.“
XS
SM
MD
LG