Достапни линкови

logo-print

Истанбул: Материјална штета од експлозија на звучна бомба


На прозорец на зградата на Здружението на пензионирани офицери во истанбулскиот кварт Кадакој синоќа експлодира звучна бомба при што е нанесена само материјална штета.Според турските медиуми. била пронајдена и уништена и втора бомба поставена пред паркиран автомобил. Станува збор за слична тактика применета при нападите кон крајот на јули во истанбулскиот кварт Гјунгурен, во кој загинаа 17 луѓе и над 150 беа ранети. Тогаш првата од експлозиите беше предизвикана од звучна бомба и кога во реонот се собраа повеќе луѓе, 10-тина минути подоцна, се случи втората експлозија на моќна бомба.
XS
SM
MD
LG