Достапни линкови

logo-print

Финишира кампањата во која доминираат економски теми


На една недела пред изборите за американски претседател кандидатот на Демократите Барак Обама и на републиканците Џон Мек Кејн разменија критики за економските програми за излез на Америка од глобалната економска криза. Во меѓувреме е соопштено дека Федералните агенти спречија заговор на двајца нео нацисти кои имале намера да го убијат кандидатот на Демократите за претседател Барак Обама и уште 102 афро американци.

Сенаторите Барак Обама и Џон Мек Кејн како кандидати на Демократската и Републиканската партија на претседателските избори во Соединетите Држави што ке бидат одржани на 4 ноември ги финишираат свооте кампањи на кои доминираат економски теми. Обама и Мек Кејн и двајцата одржаа митинзи во централната држава Охајо која носи 20 од 270 те електорски гласови потребни за добијат изборите. Велат дека досега ниту еден кандидат на Републиканците не станал американски претседател доколку не победил во Охајо, а таму според анкетите води Демократот Обама. Тој за економската криза го обвини актуелниот претседател Џорџ Буш и рече дека доколку Мек Кејн стане претседател ке биде ист како и неговиот претходник.

„По 21 месец и три дебати, Сенаторот Мек Кејн се уште не им кажа на американците ни една поголема работа по која тој ке се разликува од Џорџ Буш кога станува збор за економијата. Ниту една работа. Сенаторот Мек Кејн вели дека во следниве 4 години ке чекаме нашаат среќа да се смени и вие разбирате дека најголема грешка е да продолжи политиката Буш – Мек Кејн која беше неуспешна во изминативе 8 години.“

Сенаторот Џон Мек Кејн пак го обвини Обама дека е политичар кој сака да ги зголеми даноците и дека е опасно доколку се дозволи Демократите да владеат и со Конгресот и со Белата Куќа.

„Големото зголемување на даноците што го заговара мојот противник е погрешен пристап во услови на забавување на економкиот растеж. Но токму тоа ке се случи доколку Демократите ја имаат целосната контрола врз Вашингтон.“
Последните анкети на јавното мислење на Обама му даваат предност од 7 проценти. Во меѓувреме американските власти соопштија дека тајните служби кои се грижат за безбедноста на претседателските кандидати спречија заговор на двајца нео нацисти кои имале намера да го убијат кандидатот на Демократите за претседател Барак Обама и уште 102 афро американци за да ја покажеле надмоќта на белата раса како што веруваат неонацистите . Двајцата осомничени стари 18 и 20 години се уапсени минатата недела во Тенеси со поголемо количество оружје. Засега не е позанато колку биле подготвени за нападот, но нивните намери од тајните служби се сфатени сериозно.
XS
SM
MD
LG