Достапни линкови

logo-print

Париз: Британскиот премиер Браун во посета на Франција


Британскиот премиер Гордон Браун денеска патува за Париз, каде што ќе разговара со францускиот претседател Никола Саркози за глобалната финансиска криза. Во меѓувреме, светските берзи продолжуваат да паѓаат поради загриженоста дека најразвиените земји ќе навлезат во рецесија. Цената на нафтата го достигна најниското ниво во последните 18 месеци, а јапонскиот берзански индекс Никеи достигна вредност под 7000 поени, најмала во последните 26 години.
XS
SM
MD
LG