Достапни линкови

Штип: Од денеска 130 стечајци од Штип ќе добиваат месечен паричен надомест


Околу 130 стечајци од Штип кои имаат добиено позитивни решенија, согласно со законот од денеска ќе добиваат месечен паричен надомест, соопшти Агенцијата за вработување во овој град. Комисијата на Агенцијата се уште ги разгледува преостанатите барања на стечајците. Претседателот на Здружението на стечајни работници Стојан Стојанов, пак, вели дека поголем дел од стечајците добиле негативни решенија и оти очекуваат до утре да се сретнат со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG