Достапни линкови

Анкетите и натаму покажуваат предност на демократот Обама пред републиканецот Мекејн


Една недела пред изборите за нов американски претседател. Анкетите и натаму покажуваат извесна предност на кандидатот на демократите Барак Обама пред републиканскиот кандидат Џон Мекејн. Дали последната недела ќе доведе до некои промени во изборното расположение на американците.

Кандидатот на Републиканската партија Џон Мекејн деновиве ги отфрли резултатите од истражувањата на јавното мислење во Соединетите држави кои покажуваат дека е многу поназад од кандидатот на Демократската партија Барак Обама. ,,Тоа ќе биде тесна битка. Се уште очекувам да победам в недела,, вели Мекејн:

„Станете, станете и борете се. Америка заслужува да се бориме за неа. Ништо не е неменливо тука. Ние никогаш не се предаваме. Ние не се криеме од историјата, ние ја правиме. Ајде да победиме на овие избори и повторно да ја раздвижиме оваа земја. “

Им порача Мекејн на своите приврзаници на митингот во Ајова, тврдејќи дека се повеќе му се приближува на Обама. Тој пак говорејќи пред над сто илјади луѓе на собирот во Деневер, Колорадо уште еднаш изрази увереност дека ќе ја однесе победата на четвртти ноември.

„Ако сте со мене и заедно се организираме и чукнеме на вратите во наредниве денови ние ќе победиме на овие избори и ќе почнеме да ја менуваме земјата и да го менуваме светот. “

Четириесет и седум годишниот сенатот Барак Обама, според најавите, планира на денешниот собир во Охајо да го обвини Мекејн дека ни по дваесет месеци кампања не им кажал на американците како ќе ја смени непопуларната политика на актулениот претседател Џорџ Буш. ,,Ја знаеме нивната филозофија со која всушност им овозможува богатење на богатите,, вели Обама за кој повеќето американци мислат дека е најдобро квалификуван да го запре паѓањето на американската економија. Од друга страна, поранешниот пилот на американската морнарица и затвореник во виетнамската војна Мекејн го повторува ставот дека тој треба да биде претседател за да може републиканците да го контролираат Конгресот во кој мнозинството се демократи, а кои, како што вели, биле решени да ги зголемат даноците во земјата. Како и да е, последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека Обама на национално ниво има над седум проценти водство пред Мекејн, а тие, според проекциите, му ги даваат потребните двесте и седумдесет елкторски гласови за да стане четириесет и четвртти претседател на Соединетите држави и прв афроамериканец кој ќе је преземе таа функција. Како што е познато, претседателството се добива држава по држава, во зависност од тоа колку електорски, односно посредни гласови, носи секоја од нив.
XS
SM
MD
LG