Достапни линкови

Од МНР велат дека има доволно време за да се обезбедат услови за гласање на иселениците


Немањето на конкретен план на кој начин ќе се спроведува гласањето на македонската дијаспора, во јавноста отвора сомневање околу самиот процес. Засега предвидено е прашањето околу гласањето на дијаспората да се решава со упатства кои би биле изработени од Министерството за надворешни работи и Државната изборна комисија. Прво, неопходно е сите заинтересирани за гласање да пополнат пријава, а потоа да се направи список на гласачи и да се утврди каде би биле лоцирани избирачките места, велат од МНР:

„Значи луѓето што гласаат во странство треба да се пријават, за да можат да бидат изземени од списокот на гласачи во Македонија и понатаму да се прави распоред и техничко организирање на гласањето во странство.“

вели Сашко Тодоровски, раководител на секторот за дијаспора во МНР
Во сите земји каде што е бројноста поголема има дипломатски-конзуларни претставништва на земјава и таму ќе се гласа, вели Тодоровски и додава дека има доволно време за да се обезбедат потребните технички средства за спроведување на овој процес.

„Имаме најмалку една година за да ги собереме пријавите и да се направи таква техничка поделба. Значи нема да има гласање сега за претстојните претседателски и локални избори, всушност локалните избори и не се придвидени воопшто во законот.“

Димитар Мирчев, поранешен амбасадор во Словенија се присетува на времето кога беа актуелни пописите на македонските граѓани во странство.

„Во Словенија се одвиваше релативно добро бидејќи имавме помош од словенечките органи. Гласањето се одвиваше во јавни простории, во месни заедници во општински простории и слично.“

Но Мирчев, очекува дека гласањето на дијаспората ќе создаде големи проблеми, пред се поради немањето на развиена дипломатско-конзуларна мрежа и недостигот на технички средства да се спроведе тоа. Тој предупредува дека на тој начин се отвораат можности за изборни манипулации

„Ако некој е заинтересиран од некоја партија или кандидат или кандидатска листа од Македонија, и ако помогне финансиски една група на луѓе, нивни приврзаници или било кој да дојдат на гласање, ќе имаат се разбира многу повеќе гласови отколку кога би се направило гласање преку државни органи.“

Според предвидените измени во изборниот законик, не е дефинирано што значи точно граѓани на привремена работа во странство и не е прецизирано како ќе се пополнува избирачкиот список за дијаспората.
XS
SM
MD
LG