Достапни линкови

Ќе се разговара за преговарачкиот процес за името и македонската евроатлантска интеграција


Заменик помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија Стјуарт Е. Џонс од денеска престојува во дводневна посета на Македонија. Попладнево тој се среќава со претседателот Бранко Црвенсковски и со премиерот Никола Грувески а предвидена е средба и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Она што официјално го соопштува владиниот кабинет е истото што го соопшти претходно и американската амбасада во Скопје. Теми на раговорите се последните случувања во внатрешната и надворешната политика, интеграцијата во евроатланските структури, односите мегу Соединетоите американски држави и македонија и региналната безбеднсот вели владинот портапрол Шефик Дураки.

„Кога велите случувањата во внатрешната и надворешните политика, се мисли на последните случувања околу името?“

„Па веројатно една од темите ќе биде и до каде сме со преговорите и сигурно дека ќе сакаат да слушнат од претседателот и премирот до каде сме со преговорите.“


вели Дураки. Премиерот Груевски пак во однос на очекувањата од средбата вчера беше уште пократок:

„Па мислам дека ќе ги презентира официјалните ставови на Америка.“

Други извори кои ке бидат вклучени во денешните разговори со Џонс пак велат дека се очекува тој да ја отвори темата за проблемот со името, односно да ја покаже заложбата на Соединетите Американски Држави, Македонија да влезе во НАТО за што пак потребно е да се острани и последната пречка - да се реши спорот со Грција. Сепак истите извори смеетаат дека Џонс денеска на домашниот државен врв нема да му сугерира конкретни имиња. Црвенковски и Грувески со високиот американски дипломат на маса седнуваат без заеднички став за последниот пакет идеи на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц. Ниту на последната коориднативната средба која ја одржаа во петокот не ја изградија позицијата за пакетот на медијаторот. Од друга страна пак неколкуте недели кои неформално ги најави Нимиц како период во кој го очекува одговорот на Атина и Скопје изминуваат. Изминува и периодот кој се сметаше за клучен за решавање на спорот бидејки како што брифираа американски извори уште пред неколку месеци поволно би било компромис да се најде за време на манадатот на актуелниот американски претседател Буш, бидејки тој бил особено зиантересиран за репшавање на проблемот. Таков ангажман според истите извори не се очекувал од идниот претседател без разлика дали тоа ќе биде демократот Обама или републиканецот Меккејн. Тие пак влегуваат во завршната фаза од изборната трка, а посетатата на Џонс доага на околу една недела пред изборите. Од владата пак не сакаа да ги коментираат средбите со високиот американски дипмомат во овој контескт. Тој покрај со преставниците на државно владиниот врв ќе се сретне и со раководствата на владејачките и на опозициските партии.
XS
SM
MD
LG