Достапни линкови

Ванчо Каргов, Директор на Царинската управа. Корупцијата во царината не е искоренета иако има значајни резултати во намалувањето на криминалот


Господине Каргов, кога дојдовте на оваа функција најавивте дека ќе работите на воведување на вистинските вредности и деполитизација на оваа институција. Сега, после две години, можете ли да кажете дека воспоставивте ред во работењето на оваа институција?

Оценките за тоа колку сум успеал јас како директор на царина, не можам да кажам дека е само директорот на царина, затоа што никој тоа не може сам да го направи, туку мора со колегите внатре и поддршката што ја дава владата и министерството за финансии. Би сакал тоа да го прават другите, да го ценат, како тие гледаат, дали е нешто направено и колку нешто е направено. Јас кога кажувам може да биде субјективно без разлика во која насока ќе одам. Како личност, јас никогаш не сум задоволен од она што е постигнато, затоа што знам дека секогаш треба многу повеќе. Има доста интерни акти и процедури донесени коишто ја регулираат материјата, можеби 40 тина различни процедури се донесени во сите области. Она што го кажувате како деполитизација практично се однесува на зголемување на интегритетот на царинските службеници и реални основи за унапредување во службата.

Дали акциите за приведување на корумпирани цариници дадоа резултати во насока на намалување на корупцијата во овој сектор?

Тоа точно го имало и знаете дека имало многу шеги на оваа тема. Цариници не се така приведувани, како некои други, освен акцијата која се случуваше зимата 2007 година. Друго такво приведување немало иако имаме кривични пријави. Сигурно знаете дека пред три недели беа поднесени 46 кривични пријави и за жал подготвуваме уште. Тие воглавно се однесуваат на вработените од минатото. Јас не можам да кажам дека нема и дека тоа е искоренето, бидејќи борбата против корупцијата е перманентна работа. Не би форматирал дека само апсењето дало резултати, бидејќи можностите за злоупотреба се многу пошироки отколку само земање пари на граничен премин.

Господине Каргов во последно време актуелни се акциите во кои беа запленети пратки на големо количество оружје, на дрога, наркотици. Дали Македонија е мета на организираниот криминал?

Јас не би можел да дадам таква оценка. Ние пред се работиме од царински аспект. Со оружје имаме случаи но не во поголем обем. А, во врска со наркотичните средства тоа знаете дека од време на време се случува и ние работиме со нашето разузнавање. Ние имаме доста внатрешни случаи, коишто укажуваат на поврзаности коишто се обидуваме да ги разбиеме, како од минатото, така и сега, значи тоа е континуирана активност. Во овој момент мислам дека имаме отворени кривични пријави и предмети. Околу илјада. Морам да кажам дека процесите одат многу споро, иако ние не сме директна странка во тие процеси, и може да не викаат само како сведоци и за сознанија или материјали.
XS
SM
MD
LG