Достапни линкови

logo-print

Америка го очекува денот кога сите земји од Балканот ќе бидат во НАТО, вклучувајќи ја и Македонија


Американскиот претседател Џорџ Буш, на церемонија во Белата Куќа во Вашингтон, ги потпиша протоколите за прием на Хрватска и на Албанија во НАТО. На церемонијата, на која присуствуваше и генералниот секретар на Алијансата Јап Де Хоп Схефер, Буш истакна дека приемот на Хрватска и на Албанија во НАТО е историски чекор за Балканот, кој за една декада, од регион на војни, се трансформира во регион кој придонесува за мирот и стабилноста во светот. БУш изрази надеж дека и другите земји од Балканот ќе станат дел од НАТО.

,,Америка го очекува денот кога во редовите на НАТО ќе бидат вклучени сте земји од Балканот, вклучувајки ја и Македонија. Му благодарам на македонскиот амбасадор што ни се придружи денеска, ние сме горди на чекорите што ги превзедовте за зајакнување на вашата демократија. Се надеваме на ваш прием како полноправна членка на НАТО, што е можно поскоро.”

Изјави Џорџ Буш, нагласувајки дека Соединетите Држави и натаму ќе ги подржуваат и аспирациите за членство и на Украина, Грузија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а вратите се отворени и за Србија, доколку српскиот народ го избере тој пат. Генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Схефер оцени дека приемот на Хрватска и на Албанија ќе биде благодет и за цела Југо-источна Европа и оти Алијансата ќе ги охрабрува и подржува сите земји кои сакаат да ја постигнат истата цел.
XS
SM
MD
LG