Достапни линкови

Финансиските интереси ги поврзуваат криминалните структури и политичарите


Постои длабока поврзаност меѓу организираниот криминал и политичките кругови во државата се согласуваат домашните експерти, по последната полициска акција, во која меѓудругите уапсен е кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу, име кое неофицијално се поврзува со одредени политички структури во земјава.
Она што ги поврзува криминалните структури и политичарите се пред се финансиските интереси, вели проф. Назми Малиќи од Универзитетот ФОН.

„Финансиски интереси, што друго, тие се дел од тоа, имаат свои провизии, имаат свој бизнис. Нема да биде организиран криминал, доколку не е вмешана и политиката.“

Дека организираниот криминал е вкоренет во сите општествени сегменти, се согласува и проф. Љупчо Арнаудовски.

„Организираниот криминал е вграден во државата, во стопанството, тој се крие во нејзе и последно се јавува во нови облици.“

Според Арнаудовски, криминалните структури ја користат државата за остварување на своите цели, а единстевниот начин да се прекине таа врска е преку систематска активност на надлежните органи, став со кој се согласува и проф Малиќи.

„Дали постои политичка воља или не, тој неможе да се сузбие на тој начин. Тој сака постојана, систематична акција особено на институциите на прогонот.“

Може да се заштитиме прво во редовите на власта, внатре комплетната ревизија треба да им биде на луѓето на власт кои ги следат бизнисите и кои се одговорни во овие сегменти.“


Велат Арнаудовски и Малиќи. Несомнено е дека заедничкиот именител меѓу криминалните структури и политичарите се парите, вели проф. Владимир Пивоваров, поранешен шеф на разузнавањето. И тој посочува дека повремените акциии на полицијата не го решаваат проблемот со организраниот криминал. Во таа борба, вели Пивоваров најважно е институциите да работат професионално и без партиски притисоци.

„Зошто ако немате професионалци, односно имате партиски војници во такви институции секогаш ќе гледате ситуација дека четири години се борат против едните, па нови четири години против другите, така да се губи континуитет.“

Инаку во полициската акција Пепел, беа упасени 30 локални криминалци од Кумановскиот регион, поради сомневање дека се вклучени во нелегално производство на цигари, насилство, корупција, шверцување и затајување данок.
XS
SM
MD
LG