Достапни линкови

Белград: Србија ќе уништи 280 илјади пиратски копии


Србските власти денеска соопштија дека ќе уништат повеќе од 280 илјади нелегални музички, филмски, софтверски копии како дел од борбата со пиратеријата. Од српското министерство за трговија изјавија дека цедеата биле одземени од илегални тргувачи и дека одземената стока ќе биде уништена. Србија се обидува да ги исполни ветувањата кои се пропишани во Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. Белград се надева дека до година ќе добие кандидски статус и ќе се приклучи на унијата во 2014 година.
XS
SM
MD
LG